Индиска ракета исчезна во орбитата на Месечината

Индиските власти изгубиле контакт со вселенскиот брод „Чандрајан 2“, непосредно пред слетувањето на леталото на Месечината, јавила денес британската телевизиска мрежа „Би-Би-Си“.

Само неколку моменти пред леталото да слета на јужниот пол на Месечината, бил изгубен контакт со комуникацискиот центар. Судбината на леталото засега не е позната. Ракетата била лансирана во јули.

За време на мисијата таа нормално се доближувала и летала на 2,1 километар од површината на Месечината, соопштиле официјалните лица.

Индиската организација за истражување на вселената навела дека бил изгубен контакт само неколку секунди пред ракетата да слета. Ова претставува втора мисија на индиските власти, да слетаат на Месечината.

Првата се случила во 2008 година, со леталото „Чандрајан 1“, чија цел била потрага за вода на површината на Месечината со користење на радарите.

Само три земји, САД, поранешниот СССР и Кина се имаат приземјено со ракети на Месечината. Кина е првата земја која стигна до темната страна на земјиниот сателит.

 

 

Scroll to Top