„Инстаграм“ ќе блокира лажни вести

По критиката за дозволувањето на хаштаг, кој брзо шири лажни вести, од компанијата „Фејсбук“ одлучиле да се позанимаваат со оваа опција, во рамките на „Инстаграм“ и да ја ограничат можноста за злоупотреба.

Проблемот влегол во прв план, откако се појавиле траги кои промовираат постови во кои се тврди дека „вакцините можат да убијат“, па „Инстаграм“ на прво место ќе ги блокира оние тагови кои шират дезинформации во врска со вакцинирањето, за подоцна да не се прошири на други неточни информации, пренесува Seebiz.

Веќе се блокирани хаштагот од типот #vccinescauseautism i #vaccinescauseaids, а сега се планира и блокирање на оние кои не содржат конкретна информација, но се користат за ширење на лажни вести, како #vaccines1234.

Кога „Инстаграм“ ќе блокира некој хаштаг, повеќе не е во можност да ги пронајде оние содржини кои биле организирани во рамките на истиот, па кликот на банираниот хаштаг, нема да донесе никакви резултати.

На овој начин се спречува ширењето на неточни и злонамерни информации, велат од „Фејсбук“. Покрај тоа, „Инстаграм“ работи и на други начини за борба против лажните вести, во ситуации кога некој корисник претражува проблематичен хаштаг.

 

Scroll to Top