„Инстаграм лајк“ навики кои ве откриваат

Ги доживувате само оние слики кои навистина ви се допаѓаат

Колку ретро од вас! Припаѓате на онаа ретка врста на луѓе кои навистина ги игнорираат онлајн распродажбите кога велат дека ништо не им треба, дури иако цените се намалени за 70%. Вашата самоконтрола е застрашувачка, и искрено, по малку и вознемирувачка.

Случајно сте стиснале „лајк“

И веднаш потоа ја зажаливте таа одлука. Тргањето на малото црвено срце е неспорно храбар чин. Сепак, ќе се правиме дека не ве познаваме кога во ресторан ќе го барате шефот на смета поради залутаните домати во својата салата. Алерија на храна? Како да не.

Одбравте да кликнете „лајк“ на објавата со 500 или повеќе лајкови

Што се однесува до вас, оваа трендсетерка која ја познавате од факултет и без има доволно големи бројки. Освен тоа, вашата омилена активност е да ги мразите сите песни кои се повторуваат на радио. Од друга страна, никогаш нема да се заситите од слики од француски булдози и фотогенични ладни напитоци.

Без нималку размислување, ја лајкнувате секоја објава

Инстаграм за вас е вежба за мускулната меморија. Секогаш сте тука кога некому му треба дополнителен лајк иако и понатаму сте неодлучни кога е во прашање облеката или пицата која ја нарачувате.

Ги лајкнувате сите фотографии неколку недели наназад

Ултимативниот потег со кој на сите сакате да им дадете до знаење дека немате време да дремете на социјалните мрежи баш секој ден. Вашата друга супермоќ? Уживате во оброкот штом дојде на масата без нималку потреба претходно да го сликате за своите пријатели.

Вашиот лајк е резервиран само за секси фотки

Да погодиме: вашата прва „врска“ се одвивала веќе во четврто одделение, а вашиот единствен идол е Саманта Џонс. Инстаграм е вашата совршена идеја за дејтинг апликации, а вашиот лајк е сето она што ви е потребно пред да нурнете во пожешко допишување во приватни пораки. Искрено, суптилноста и онака повеќе не е во мода.

Scroll to Top