Голем број на луѓе кои се корисници на социјалната мрежа „Инстаграм“, преку ноќ останале без 500, па дури и 1000 фанови и следбеници. Славните лица се во уште полоша состојба, затоа што од нивните профили биле избришани милиони следбеници.
Дури и од официјалниот профил на Инстаграм биле избришани милиони следбеници. Компанијата, која е во сопственост на Фејсбук, засега не издала официјално соопштение по повод овој случај.
Сепак повеќето луѓе кои се запознати со овој проблем и претставуваат ескперти во оваа област, велат дека станува збор за ненајавено бришење на спамови, ботови или неактивни профили.
Ова не е прв пат одговорните во Инстаграм да прават вакво нешто слично. Всушност некои експерти за социјални мрежи велат дека можно е бришењето да се случува веќе некое време, само што во текот на една ноќ, да било изведено најмасовно досега. Поради тоа повеќето корисници ја забележиле оваа промена.
why did I just lose over half a million followers @instagram wyd sis
— James Charles (@jamescharles) February 13, 2019
📱| Ariana has lost 3 MILLION followers on Instagram. pic.twitter.com/3gcoTyauHP
— Ariana Aunt! (@ArianaNewsFact) February 13, 2019
The BIG Instagram Account Purge – Feb 2019
Instagram removed a LOT of fake accounts in the past 24 hours.
Here’s a running list of popular accounts who lost followers (updating across the day)
📝 https://t.co/RDSS0rHbxJ pic.twitter.com/18zTbAwMlv
— Matt Navarra (@MattNavarra) February 13, 2019