Интелигенцијата не е пресудна за успех во животот, но нешто друго е

Дали успехот на детето го одредува коефициентот на интелигенција? Економистот Хекман вели дека не е баш така. Тој вршел истражување за образованието на луѓето, посебно за политичарите, односно колку висината на примањата може да се поврзе со степенот на интелигенција. Тој сметал дека интелигенцијата влијае во 50 отсто од случаите, но последните истражувања покажуваат дека коефициентот на интелигенција влијае на примањата кај 1 до 2 отсто од испитаниците.

Ако интелигенцијата не е пресуден фактор за успех, тогаш што е тоа што ги разликува оние со ниски и високи примања, или што би се рекло – ако си паметен, тогаш зошто не си богат?

Науката нема дефинитивен одговор на ова прашање, иако среќата има битна улога. Друг клучен фактор е личноста, тврди Хекман. Тој утврдил дека финансискиот успех е директно поврзан со совесноста, карактерот на личноста кој, пак, веднаш се поврзува со истрајноста и дисциплината.

Истражувањето што го спровел довело до интересни резултати. Оценките во училиште се поважни од успехот на тестот за интелигенција. Тоа може да биде изненадувачко бидејќи многумина мислат дека тие мерат исти работи, но тоа не е баш точно. Оценките не се само одраз на интелигенција, туку и на некогнитивни вештини, како што се совест, добри навики и способност за тимска работа. Како што вели Хекман, успехот е доказ дека некои вештини и способности можат да се научат, и тоа нема никаква врска со коефициентот на интелигенција.

Сепак, тестот за интелигенција и понатаму е сѐ уште важен. Некој што има коефициент 70 нема да може да го оствари истиот успех како некој што има коефициент на интелигенција 190. Но Хекман вели дека многу интелигентни луѓе не успеваат во животот само поради тоа што немаат вештини кои не се мерат преку тестови за интелигенција.

Резултатите од една студија на Универзитетот од Пенсилванија, која е објавена во 2011 година, покажуваат дека тестовите за интелигенција ја покажуваат мотивацијата на испитаниците. Мотивираните деца повеќе ќе се трудат да одговорат на тешките прашања од исто толку интелигентни деца, но помрзливи.

Scroll to Top