Ирански функционер од Техеран е заразен со коронавирус, објави денес државната телевизија.
Во извештајот се вели дека Мортеза Рахманзадех, градоначалникот на 13-та област во Техеран, која била хоспитализиран вчера поради симптоми на коронавирус, бил позитивен на тестовите, пренесува Ројтерс.
Случаи на коронавирусот се пријавени во неколку градови во Иран, при што досега во земјата загинаа четири лица.
Според последните податоци, во Кина досега 76.228 лица се разболеле , додека 2.345 починале.
Додека бројот на нови заразени од коронавирус во Кина опаѓа, Јужна Кореја се појавува како последен фронт за борба против епидемијата на оваа заразна болест, со досега регистрирани 346 случаи. Бројот на нови пациенти во саботата се искачи на 142, што значи дека скокнал шест пати за четири дена.
Од нив, 131 се случаи во Даегу, град со население од 2,5 милиони. Училиштата се затворени во петок, а на верниците и другите граѓани им се советува да избегнуваат масовни собири, пренесува АП.