Ирска манекенка се самоубила по добиените пораки на „Фејсбук“

Ирската манекенка Али Мекдонел и мајка на четири деца си го одзела животот по примените пораки на социјалните мрежи. Серијата пораки што ѝ биле испратени ја истрауматизирале Али до тој степен што таа решила да посегне по својот живот.

Во пораките таа го молела нејзиниот гонител да не ѝ се доближува и да остане подалеку од неа. Недолго пред нејзината смрт, таа оставила порака на Фејсбук, пишува британски „Сан“.

„Зошто е ок мажот да ја нарече жената дебела грда ку**а? Тоа е нов степен на туркање на личноста преку сите граници“, напишала Али.

Али имала само 36 години и била мајка на четири деца. Нејзиното семејство и пријатели велат дека се скршени од сознанието за нејзината смрт.

Али студирала во Даблин, а неодамна го прославила 21. роденден на нејзината помлада сестра. На социјалните мрежи постојано пишувала дека нејзините деца се нејзиниот свет.

Ирската манекенка е позната по тоа што се залагала за будење на свеста за аутизмот кај луѓето. Пријателите на социјалните мрежи ја преплавиле со коментари за нејзината убавина, и внатрешна и надворешна.

„Навистина тажно. Каква надворешна и внатрешна убавина. Не е важно колку си била убава, туку како си се чувствувала. Беше горда жена, а твоите деца ќе растат знаејќи колку нивната мајка била силна. Почивај во мир убавице. Сјаи како дијамант каде и да се наоѓаш“, напишала една нејзина обожавателка по име Стефани Велан.

Али станала амбасадорка на аутизмот, откако открила дека нејзините две деца боледуваат од оваа болест.

Scroll to Top