Исидора Данкан: Танцувала полугола, го љубела Есенин, а загинала од сопствениот шал

Нејзините основни принципи во танцот дека телото и движењата мора да бидат слободен одраз на внатрешното доживување, ја иновираа балетската уметност. Начелата на играта што денес може да се видат во модерниот танц на различни трупи и поединци својата основа ја добиле во она што оваа жена го работеше во почетокот на 20 век.

Во времето кога таа, босонога и облечена во проѕирнљ грчка тога  танцуваше и внесуваше новости во играта, Америка ја оспоруваше, а во Европа стана прва балетска ѕвезда.

Нејзин најпознат танц е танц со шалот, а токму поради шалот ќе го изгуби животот. Приказната за Исидора Данкан….

Анѓела Исидора Данкан е родена во Сан Франциско на 27 мај, 1877 година, како најмладо од четирите деца во семејството на татко банкар и мајка пијанистка. Набргу по раѓањето на Исидора, татко и ја загубил банката и семејството осиромашило. Мајката ги одгледувала децата многу слободно, од мали нозе ги упатувала на уметност и образование. Секоја вечер децата се собирале околу клавирот, а Исидора и сестра ѝ Елизабет танцувале на разни мелодии.

Поради сиромаштијата, со само шест години, заедно со сестра ѝ, почнала да им дава часови по танц на децата од соседството. Балетска школа Исидора никогаш не посетувала, а на 13-годишна возраст го напуштила и редовното училиште.

По неколку макотрпни години во потрага по ангажман кој ќе и овозможи егзистенција, Исидора почнала во Лондон да танцува пред богатите на приватни забави, а инспирацијата ја наоѓала на грчките вазни во Британскиот музеј. Наскоро го запознала кремот на лондонското друштво и полека застанала на нозе.

Две години подоцна Исидора, брат ѝ и мајка ѝ заминуваат за Париз, каде што почнале да се нижат успесите на Данкан и таа станува предмет на обожавање меѓу париската елита. Нејзината слава најпосле се проширува низ Европа, а иако сметала дека комерцијалните турнеи го нарушуваат односот спрема играта како уметност, играла низ цела Европа, во Северна и Јужна Америка, сама на Акропол, кој го сметала за врв на уметничкото достигнување.

Бурен приватен живот
Ја посетува Русија осум пати, очајувала гледајќи ги сиромасите на улиците на Петроград, трагала по филозофија на танцот, го продлабочувала проучувајќи ја филозофијата, историјата и литературата, основала три танцови школи, каде што ја развивала својата уметност, а цело време водела и бурен приватен живот.

Од врската со Гордон Крег, големиот реформатор на театарот, ја добива ќерката Дидра во 1906 година, а во 1910 од врската со Патрик Сингер, го добива синот Патрик. Меѓутоа целосен емотивен крах доживува во 1913 година, кога двете деца, заедно со дадилката, загинале во автомобилска несреќа. Автомобилот влетал во Сена и децата се удавиле. Исидора никогаш нема да заздрави од оваа трагедија. Помислувала да се убие, а на сила ја продолжила педагошката работа.

Љубовта со Есенин
Во Русија ја отворила својата танцова школа. Една вечер во Петроград го сретнала младиот разбушавен поет Сергеј Есенин. Таа, за тоа време скандалозна љубовна приказна меѓу славната танчарка и исто толку славниот, но 20 години помлад од неа поет, почнува на прв поглед. Штом влегол, тој прашал за Исидора, седнал до нејзините нозе, а таа го погалила по русата коса и ги изговорила оние малку зборови на руски што ги знаела „Златна глава. Анѓел… Ѓавол”.

Со Есенин …

Исидора и Есенин започнале тешка врска, измешана со алкохол, разделби, кавги, тепачки и постојани враќања. Се венчале во 1922 и патувале заедно низ Европа. Но оваа проблематична и опсесивна врска не можела да трае и тие се разделиле веќе во 1923 година.

Наредната година, Исидора танцува за последен пат во Баљшој театар и ја напушта Москва, а Есенин, за жал, една година подоцна наводно извршува самоубиство во хотелот „Англетер“ во Петроград.

По смртта на Есенин, Исидора не нашла мир. Често се појавувала пијана во јавноста, водела несреден живот, повеќе се занимавала со финансиските проблеми отколку со танцот.

Колата во која загинала Исидора

Времето го минувала меѓу Ница и Париз, сè до 14 септември 1927, кога после ручекот со пријатели седнала во автомобилот „амилкар“, на својот пријател Италијанец, кого нагалено го викала Бугати. Во текот на возењето, возилото влетало во водите, а долгиот шал што го носела околу вратот се заплеткал меѓу задното тркало на автомобилот, и го прекршил вратот.

 

Scroll to Top