Исплатен најголемот џекпот во американската историја

Добитникот на американската лотарија „Мега милиони“, кој уште во октомври освои 1,5 милијарди долари, по пет месеци им се јавил на надлежните барајќи да му се исплати добивката.

Среќниот добитник можел да одбере дали ќе му биде исплатен џекпот од милијарда и пол долари во рати на 29 години, или да му се исплатат во готово 877 милиони долари.

Анонимниот добитник ја одбрал втоерата опција, што претставува најголемата исплата на џекпот на добитник поединец во американската историја.

Сопственикот на местото на кое бил продаден среќниот тикет, исто така ќе добие награда во вредност од 50 000 долари, изјавиле од комисијата на државната лотарија.

Државата Јужна Каролина ќе има приход од 61 милион долари од данокот на добивката. Тикетот бил продаден во октомври, а добитникот имал рок до 19 април да ја пријави добивката.

 

Scroll to Top