Иванка Трамп им бранела на луѓето од обезбедувањето да го користат тоалетот

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка, до 2017 година им забранувала на луѓето од обезбедувањето да го користат тоалетот во нејзината пространа куќа во Вашингтон. Тие морале да се снаоѓаат како знаат и умеат, додека биле на должност и го обезбедувале местото.

Како што пренесува „Гардијан“, некои од нив морале некогаш да трчаат и до куќата на поранешниот претседател Барак Обама или, пак, кај потпретседателот Мајк Пенс.

„Затоа што припадниците на обезбедувањето на Иванка и Џаред Кашнер не смееле да користат ниту еден од шесте тоалети во куќата, тие со месеци биле принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат“, пишува и „Вашингтон пост“, повикувајќи се на соседите и некои од телохранителите.

 

Проблемот на крајот бил решен откако сојузната влада, од септември 2017 година изнајмила стан во подрум со купатило, за да можат агентите да ги извршат основните физиолошки потреби. Ова, како што пренесуваат медиумите, ги чинело даночните обврзници по 3000 долари месечно.

 

 

 

Scroll to Top