Изложба на фотографии со Тоше Проески вечерва во Кичево

Во ликовниот салон од Центарот за култура во Кичево, вечерва со почеток во 18:30 часот, ќе биде отворена изложба на 26 фотографии со легендарната музичка ѕвезда Тоше Проески, од кои 20 се изработени од кустосот на музејот Надица Талеска и сестрата на Тоше, Дора Проеска-Ристеска. Тие се ретроспектива од патот на создавање на неговата музичка кариера од раното детство, училишни денови, сè до врвот на кариерата и создавањето на навивачката химна.

„Вечерва во уметничкиот салон од Центарот за култура во Кичево ќе бидат претставени 20 фотографии што се дел од поставката од музејот „Спомен куќа на Тодор Проески” во Крушево, кој е негов втор дом и каде од сите посетители му се оддава почит“, изјави директорката на Спомен куќата на Тоше Проески, Лефкија Гажоска.

Опусот од 26 слики е симболичен, бидејќи на таа возраст почина Тоше. Таа додаде дека претходно биле изложени во Струмица, Кавадарци и Македонски Брод.

Scroll to Top