Измерена најниската регистрирана температура во Тихиот Океан во буроносен облак

Голем буроносен облак формиран над Тихиот Океан 2018 година ја достигна најниската регистрирана температура во таков облак воопшто, објави „Сајенс алерт“.

Температурата во највисокиот дел од атмосферското тело во еден миг беше минус 111 Целзиусови степени. Ваквите ниски вредности сè уште не се измерени во буреносен облак. Грмотевичните бури и тропските циклони, кои се кружни и со низок притисок, може да се издигнат многу високо – до 18 километри над морската површина. Воздухот таму е многу постуден, како што појаснуваат од британскиот Национален центар за набљудување на Земјата.

Сепак, овој температурен рекорд е на поинакво ниво. Неговиот горен дел бил приближно 30 Целзиусови степени постуден отколку кај типичните тропски облаци.

„Невремето се наоѓало 400 километри јужно од Науру во југозападниот Тихи Океан на 29 декември 2018 година. Го следи американски сателит во Земјината орбита, чиј инфрацрвен сензор и ја открил најниската негова температура. Бурите обично се формираат како наковална достигнувајќи го врвот на тропосферата. Ако се многу силни, тие продираат во следниот слој – стратосферата, каде што е многу ладно. Во такви случаи тие се ладат за 7 Целзиусови степени на километар висина. Енергијата на ова особено невреме е поголема како резултат на многу топла вода во областа и ветрот што дува на исток“, објаснува раководителот на испитувањата, Сајмон Прауд, од Универзитетот „Оксфорд“.

Scroll to Top