Изморени пожарникари во близина на Делчево земаат оддишка по 14 часа борба со огнот

По четрнаесет часа непрекинато гаснење на пожарот, тројца пожарникари од Струмица земаат оддишка пред новите битки со огнената стихија. Фотографијата ја направи Арбнора Мемети и таа за кратко време се рашири на интернет.

Многумина коментираат и ја споделуваат во знак на поддршка и благодараност до сите пожарникари што со ги ризикуваат своите животи за да ги изгаснат пожарите, кои периодов зафатија голем дел од територијата на Македонија.

Најсериозна е состојбата во регионот на Делчево и Пехчево, како и во општина Македонски Брод. Претходно, голем пожар зафати и дел од градот Кочани.

 

Scroll to Top