Јапонската Управа на царскиот двор утре формално ќе ј објави венчавката на принцезата Мако со нејзин колега од факултет. Оваа венчавка се одложуваше со години за неа многу се зборуваше во  јавноста. Принцезата Мако (29) која е внука на тогашниот цар Акихито и Кеи Комуро се свршија во 2017, но венчавката беше стопирана . Причината беше финансиски спор помеѓу мајката на Комуро и нејзиниот бивш свршеник.

Во персрет на вечавката, двојката се согласи да се откаже од еднократната исплата од еден милион долари, со што Мако ќе го задржи својот царски статус. Оваа исплата им следува на членовите на царското семејство во случај на венчавка со обичен граѓанин. Двојката ќе се регистрира во локална владина канцеларија.

Мако и Комуро се всушност јапонските Хари и Меган, а по венчавката планираат да замината во САД.  Комуро сега работи во адвокатска фирма од Њујорк , а во понеделникот дошол во Јапонија првпат после три години.

Контроверзите околу нивниот брак почнаа кога еден јапонски таблоид објави дека мајката на Комуро му должи 35.000 долари на нејзиниот поранешен свршеник. Комуро пак тврдеше дека ги добиле како подарок, а не како заем, но сето ова ја стопираше венчавката на јапонската принцеза.