Јапонскиот министер за сајбер-безбедност никогаш не користел компјутер и не знае што е УСБ

Јапонскиот министер за сајбер-безбедност, Јошитака Сакурада, се најде во жижата на јавноста кога на седницата за пратенички прашања изјавил дека никогаш не користел компјутер и  дека не знае што е УСБ.

Сакурада, кој е заслужен за кандидатурата на  Токио за Олимписките игри во 2020 година, на седницата одговараше на прашањата на независните и опозициски пратеници, пренесува АП.

„Им дадов инструкции на моите советници, така што нема потреба јас да го вклучувам компјутерот“, изјавил Сакурада пред неговите колеги, убедувајќи дека неговото министерство работи беспрекорно.

Кога го прашале за употребата на софтвер што може да ги оштети компјутерите, Сакурада изјавил дека досега не користеле УСБ и дека не знае што претставува тоа.

Јапонските пратеници со неверување се смееле на неговите одговори. Интересно е да се напомене дека министрите во Јапонија ги добиваат парламентарните прашања однапред.

 

Scroll to Top