Јавна куќа во Виена нуди 30 минути бесплатен секс ако се вакцинирате против корона

Јавната куќа „Фан паласт“ во Виена нуди 30 минути бесплатен секс за сите што на влезот на борделот ќе се вакцинираат против Ковид-19. На овој начин тие се надеваат дека ќе ја зголемат својата работа бидејќи бројот на клиенти им се намалил од почетокот на пандемијата. Истовремено, велат, ќе придонесат и за зголемување на стапката на вакцинација во земјата, која е една од најмалите во Европа, пишува „Скај њуз“.

Јавната куќа ги охрабрува мажите и жените да ги посетат за вакцинација до крајот на овој месец.

„Поради пандемијата, регистриравме намалување од 50 % кај клиентите и со оваа иницијатива се надеваме дека бројот на клиенти повторно ќе се зголеми“, велат од „Фан паласт“.

„Не мислев да се вакцинирам сега, но попуштив кога видов што нудат во борделот, тоа ги забрза работите. А бидејќи еден мој познајник ја организира оваа акција, си помислив, ајде да одам. Мислам дека ова е сосема во ред затоа што можеме да постигнеме подобра стапка на имунизација на овој начин и тоа е неопходно за да се стави крај на пандемијата во одреден момент,“ рекол Герхард, еден од мажите што се вакцинирале пред јавната куќа, за „Ројтерс“.

Питер Ласкарис, менаџер на „Фан паласт“, за „Ројтерс“ вели: „Ја гледав статистиката и прочитав дека треба 70-75 % од населението да се вакцинирани за да достигнеме колективен имунитет, а моментно сме само на 63 %. Тогаш забележав во статистиката дека многу мажи, мажи мигранти, практично одбиваат вакцина или не знаат дека може да се вакцинираат, бидејќи тие се наша целна група, па решивме да формираме клиника за вакцинација овде. Затоа им нудиме сесија од 30 минути во сауна клуб со дама по нивен избор“.

Поради ниското ниво на вакцинација во Австрија, кое е меѓу најлошите во Западна Европа, владата сака да воведе построги ограничувања. На лицата што не се вакцинирани им е забрането да посетуваат кафулиња, ресторани и фризери. Постојат и рестрикции за посета на хотели, кино или настани за повеќе од 25 луѓе.

 

Канцеларот Александар Шаленберг рекол дека најновите мерки на Австрија за справување со ширењето на коронавирусот најверојатно ќе останат во сила за Божик и Нова година.

Scroll to Top