Иако Кралството Саудиска Арабија, кое се наоѓа во Азија, важи за модерна земја, сепак е многу приврзано на религијата, корените и на традицијата. Со своите строги верски закони отсекогаш предизвикувало љубопитност кај остатокот од светот.
Ова се некои од најинтересните факти за животот во ова кралство.
1. Саудиска Арабија е најголемата земја во светот што нема реки;
2. Според смртните случаи предизвикани од сообраќајни незгоди, важи за една од најопасните земји, покрај Малезија, Тајланд и Јужна Африка;
3. Во почетокот на 80-тите властите ги затвориле сите кина и граѓаните можеле да ги гледаат холивудските блокбастери само во соседните земји Дубаи и Бахреин. Иако пред неколку години забраната беше тргната, сепак филмот Black Panther беше цензуриран, односно беа исечени сите сцени со бакнување;
4. Во продавниците нема гардеробери, освен во некои од најпознатите западни брендови. Жените купуваат облека од око, која ја пробуваат дома, а ако не им прилега, ја враќаат назад;
5. Првите кафулиња се отворени кон средината на 15 век во Мека. Кафето е забрането бидејќи е стимуланс;
6. Прават луксузни свадби, но мажите и жените ја слават свадбата одделно, понекогаш дури и не во ист ден. Во одреден момент од церемонијата младоженецот и невестата се спојуваат;
7. Во кафулињата и рестораните има два оддела: за слободни мажи и за семејства. Немажените девојки може да бидат во делот за семејството, но никако не им е дозволено да бидат во делот за мажи;
8. Сите обврски се планираат според времето на молење. Се молат пет пати на ден, а за време на молитивата сè запира, така што во тој момент не работат бензинските пумпи, кафулињата и продавниците;
9. Кралот на Саудиска Арабија е осмиот најмоќен човек во светот според списанието „Форбс“;
10. Има повеќе нафта од која било друга земја во светот;
11. До пред неколку години не беа добредојдени туристи во земјата, односно дојденци се примаа само во Мека и Медина, нејзините најсвети места. Саудиска Арабија важи за центар на исламот;
12. Месото од камила е најскапоцено;
13. Сега секој може да аплицира за туристичка виза и на туристките им е дозволено незамисливото – да шетаат без абаја (традиционална наметка што го покрива телото), иако до неодамна сите жени во јавност мораа да ја носат, односно да ги покријат рацете и лицето со хиџаб. Сега, кога оваа забрана е тргната, жените не мора да го кријат лицето, па најчесто носат само марама врз главата;
14. Во земјата постои т.н. полиција на моралот, која внимава дали жените се соодветно облечени, дали некој продава илегални супстанции и дали паровите непристојно се однесуваат на улица, на пример, се држат за раце. Додека порано оваа необична полиција можеше да ги осуди граѓаните на удари со стап, казна, па дури и затвор, сега може само да даде усна опомена;
15. Жителите што не се муслимани немаат право на државјанство;
16. До 2018 година Саудиска Арабија беше единствената земја во светот во која на жените им беше забрането да возат;
17. Повеќе од 95 проценти од површината на земјата е пустина или е полусушна. Овде се наоѓа и најголемата пустина во светот – Ал Нафуд;
18. Во главниот град Ријад со 9 милиони жители има само 6 автобуски рути, јавниот превоз им е на ужасно ниво. Овде се наоѓа и пазарот на камили, кој е еден од најголемите во светот, каде што дневно се продаваат до 100 камили;
19. Овде камилите се прашање на гордост и симбол на земјата, се одржува и годишен натпревар на убавина за камили, а сопственикот добива огромна парична награда;
19. Најпопуларен спорт помеѓу саудиските жени е фудбалот;
20. Владејачката династија во оваа земја се состои од 15.000 луѓе, па не е чудно ако на улица наидете на некој принц или принцеза, кој/а буквално се расфрла со пари.