Како да освоите девојка родена во хороскопскиот знак Стрелец?

Жените родени во хороскопскиот знак Стрелец се иницијативни, остроумни, снаодливи и досетливи личности, кои постојано се во потрага по нешто ново, кое ќе им го покачува адреналинот. Стекнувањето нови возбудливи искуства е клучот на жените Стрелци за остварување на нивните соништа.

Оваа девојка првин бара цел што сака да ја оствари, цели кон нејзина реализација и потоа веднаш трга во потрага по некоја нова цел. За нив не постојат премногу амбициозни планови кои не можат да станат реалност. Таа, едноставно кажано, е многу енергична девојка која не може да седи на едно место.

Весели и забавни личности

Жените Стрелци најчесто се многу позитивни и ентузијастички личности, кои се пријателски настроени и секогаш со задоволство сакаат да запознаваат нови луѓе. Тие се најчесто центарот на забавата како резултат на нивната непресушна енергичност и ведрина која создава чувство на задоволство кај оние што се во нејзина близина.

Тотално искрени

Ведрината и темпераментноста што ги поседуваат овие дами во голема мера помагаат за ублажување на нивното премногу искрено, често грубо, па дури и безобѕирно однесување кон луѓето околу нив. Жените Стрелци со задоволство ќе ви кажат доколку фустанот не ви стои, дека треба да дадете отказ или отворено ќе ви кажат ако вашиот пријател ви работи зад грб. Доколку сте премногу чувствителни или не сакате да ја знаете вистината, не прашувајте ја жената Стрелец за нејзиното мислење. Зачувајте си ги чувствата за себе и обратете се кај некој помалку директен знак.

Потреба за авантура

Кај жените родени во знакот Стрелец секогаш постои потребата за авантура и страст за патување. Без разлика дали се наоѓаат во некоја комплицирана ситуација или во премногу обврзувачка љубовна врска, тие не сакаат да се чувствуваат задушено.

Всушност, чувствувајќи се затворено, може да им се јават исцрпувачки ефекти врз нивната психа, а несакани последици може да се појават и на нивното тело (разни заболувања, особено на нозете и бутовите). Доколку патувањето до подалечни дестинации не е возможно, женските Стрелци треба да се потрудат да останат физички активни бидејќи тоа ќе им биде од огромна помош за ментална релаксација.

Жената Стрелец во љубовта

Бракот и сериозните врски се многу голем чекор за жените родени во овој знак, па така многумина од нив се обидуваат да чекаат што е можно подолго пред да се врзат во јазолот. Ова е така, дури и доколку некоја од нив е длабоко заљубена во својот свршеник или момче. Тоа е добра работа бидејќи ѝ овозможува добро да се запознае себеси. Запознавањето на сопствениот идентитет и определувањето на нејзините вредности се два многу важни процеса за жените Стрелци.

Често, овие жени се атрактивни за луѓе од различно потекло и од разна етничка припадност. Тие на овие разлики не гледаат воопшто негативно, туку, напротив, сметаат дека кога постои вистинска љубов, ништо друго не е важно, па така и ја заработуваат титулата светски граѓани.

Дури и евентуалните партнери да се од исто потекло, тие ќе мора да манифестираат висок степен на морал и да имаат личен интегритет. Овие две карактеристики жената Стрелец навистина ги цени. Ним им се привлечни партери што имаат софистициран вкус и религиозна толеранција.

Преголема самодоверба во однос на науката

Најголемиот проблем на жените Стрелци, најверојатно, е нивната неспособност да ја разграничат реалноста од фантазијата и да ја прифатат нивната моментна состојба тежнеејќи кон исполнување на секојдневните обврски со цел да изградат стабилна иднина. Стрелците се најголемите филозофи во зодијакот и нивниот основен интерес во животот е да учат нови работи и нивното знаење потоа да го пренесуваат на други. Затоа, Стрелецот во астрологијата е опишуван како вечен студент. Меѓутоа, женските Стрелци имаат тенденција да веруваат дека се стручњаци во некоја област, која сè уште не ја познаваат доволно добро. Поради таа нивна карактеристика, може да настанат непријатни ситуации, во кои таа се обидува да му објасни на некој нешто „стручно“ за кое има недоволни познавања.

Недостиг на трпение

Жената родена во хороскопскиот знак Стрелец е голем визионер, кој умее да ги гледа работите од поширока перспектива, но таа има тенденција пребрзо да го губи трпението, па од таа причина може никогаш доволно да не се усоврши себеси во некоја област.

Среќни личности

Без разлика на сè, Стрелецот е најсреќниот знак во зодијакот, а жената со овој хороскопски знак не само што успешно ќе се снаоѓа во текот на животот туку, најверојатно, и ќе биде многу успешна во она што го работи.

Со кого најмногу си одговара жената Стрелец?

Жените родени во овој знак најмногу си одговараат со огнените знаци (Овен, Лав и Стрелец) и со воздушните знаци (Водолија, Близнаци и Вага). Сепак, ова не е строго правило, па така треба да се земат предвид и индивидуалните квалитети кај двата партнера за да се определи дали романтичното соединување ќе биде успешно.

Scroll to Top