Како до подобар почеток на денот

By

За да секој ден би биде прекрасен, потребно е да го започнете на вистинскиот начин.

Никој не сака кога денот од рано наутро ќе му тргне наопаку, а токму утрата се тие кои ни го дктираат изгледот на остатокот од денот. Какво ќе биде утрото, таков ќе ви биде и остатокот од денот. А еве како тоа да го постигнете.

Појадувајте: Осигурајте си порција полна со здрави јаглехидрати и протеини и наполнете се со енергија која ви е и повеќе од потреба за идеален почеток на денот. Според истражувањата, кофеинот го поткрева расположението и го изострува мозочните ќелии, па затоа задожително испијте и еден филџан кафе.

Шетајте или трчајте: доколку имате време, вежбајте на почетокот од денот. Утринските вежби во облик на шетање или трчање се одлични за одржување на кондицијата, разбудувањето, но и за посреќно продолжение на денот. При секое вежбање се ослободува серотин или хормонот на среќа поради што расположението се подобрува.

Опуштете се: Колку што времето наутро ви допушта, осигурајте си дневна доза опуштање со кафе, книга која ја сакате или песни кои ви го поткрваат расположението. Топла купка со најдраг мирис или неколку минути медитација се исто така одлични идеи. Важно е само денот да го започнете со нешто кое вистински ве усреќува.

 

Ќе ви се допадне

The Day I Became a God Episode 12 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll trial 30 day

Our Last Crusade or the Rise of a New World (Dub) (https://animefreak.ws/m/b5pX) Episode 8 at website https://animefreak.ws one piece animefreak