Како ефикасно да ја исчистите пеглата?

Површината на пеглата често се полни со остатоци од облека, бигор и прав. Потоа потешко се пегла и многу често се случува да се направат дамки на облеката. Знаете ли како најдобро да ја исчистите?

 

Морска сол
На штицата за пеглање ставете стара памучна крпа, а врз неа ставете една голема лажица крупна морска сол. Пеглата вклучете ја на максимална температура, а кога ќе се загрее, поминете врз солта.

 

Оцет и сол
Во мало тенџере ставете половина чаша алкохолен оцет и половина чаша сол и оставете ги на оган додека солта не се стопи. Потоа почекајте малку да се излади. Со памучна крпа, на која ќе нанесете од оваа смеса, поминете неколкупати преку површината на пеглата. Колку и да ви се чини валкана пеглата, никако не чистете ја со метална жица бидејќи на тој начин само ќе ја намалите нејзината ефикасност.

 

Сода бикарбона
Направете густа паста од сода бикарбона и вода. Со памучна крпа нанесете од оваа паста и нежно тријте додека не ја исчистите целата нечистотија. Остатоците од пастата исчистете ги со чиста крпа. За да ја исчистите пеглата од целата паста, вклучете ја во струја и притиснете го копчето за пареа.

 

Паста за заби
На валканите делови од површината на пеглата нанесете паста за заби. Тријте ја површината со чиста памучна крпа, а потоа вклучете ја пеглата и пеглајте некоја крпа со пареа додека не се исчисти целата површина. Ако ја чистите пеглата на овој начин, користете исклучиво бела паста, никако во боја.

 

Scroll to Top