Како гостин принцот Чарлс им приредувал кошмар на домаќините

Принцот Чарлс често изјавувал дека својот живот го смета за ужасен, а според она што е објавено во новата книга за неговиот раскошен живот, се гледа дека и самиот тој не се трудел премногу да го подобри. Но, Чарлс не бил премногу внимателен и љубезен ни кон своите пријатели.

Кога неговите пријатели го поканиле на викенд во североисточна Англија, на ден пред патувањето тој ѝ наредил на својата послуга да го премести целиот мебел од неговата спална соба кај пријателите каде што требало да престојува.

Чарлс од уредно наместената гостинска соба на домаќините го исфрлал целиот мебел и, наместо него, го ставал својот. Плакарите, полиците, ортопедскиот кревет, па дури и својата постелнина, малото радио, шишињата со виски и вода и два пејзажа од Шкотска. Доставена му била дури и храна, се разбира, органска.

Тогаш неговиот домаќин одлучил никогаш повеќе да не го кани на гости. Слична ситуација се случила и на уште едно патување, каде што Чарлс требало да го искористи својот продолжен викенд. Неговите домаќини се подготвувале со месеци, а поканиле и многубројни гости на вечера, нарачале храна, пијалаци и цвеќиња за сѐ да изгледа совршено.

Но, кога дошол петок, Чарлс не се појавил. Од неговата канцеларија им се јавиле на домаќините дека поради преангажираност, принцот ќе стигне следното утро. Тој повторно не се појавил ниту следниот ден на ручек, а домаќините повторно биле известени од неговата канцеларија дека принцот ќе пристигне за вечера, но набргу потоа дружењето било откажано поради изненадувачки околности.

Чарлс подоцна им објаснил на домаќините дека не можел да го напушти убавото сонце на ридот во Хајгров. Домаќините, кои потрошиле цело богатство за неговиот дочек, биле очајни.

Принцот колку што бил лош гостин, уште повеќе бил и лош домаќин. Во текот на четирите месеци колку што живеел во Шкотска, поканил голем број луѓе да му дојдат во посета и да му прават друштво. Но, тие морало самите да си го платат престојот.

Кога приредувал забави во својот дом, сѐ било приспособено на неговите навики и желби. Гостите добивале вечера околу 20 часот, а тој ќе им се приклучел во 20.15 затоа што не сакал да биде првиот што ќе седне на трпезата.

Неговите гости ќе почнале да јадат без него, а пред појадокот Камила ќе ги замолела да не започнуваат без него затоа што на тој начин принцот би се навредил.

Сите негови работници се жалат на неговото однесување. Чарлс сакал да плука по другите и се жалел дека животот му е ужасен, а сите вработени биле бескорисни. Особено не поднесувал кога во канцеларијата нема да му биде температурата на посакуваното ниво.

Побизарна е приказната за неговата градина. Познато е дека принцот не сакал да користи никакви пестициди, па вработил четворица градинари, кои додека средувале и копале, лежеле на стомак, а истовремено биле влечени со „ленд ровер“.

 

 

Scroll to Top