Станува збор за приватна компанија од Русија која им овозможува на луѓето да изнајмуваат приземјен авион, во период од два часа, и за 210 евра ќе можат да се фотографираат во истиот. Целта е да се остави што подобар впечаток на социјалните мрежи.
Со доплата, се разбира, можете да добиете и професионален фотограф, фризер и шминкер. Тие ќе дадат сè од себе за вие на „Инстаграм“ да изгледате како првокласен патник. Два часа фотографирање со професионалец ќе ве чини околу 210 евра, а без него, 165 евра.
Доколку некој сака да има и видеоснимка, тоа ќе го чини дополнителни 370 евра. Тоа важи за период од два часа снимање.
На инстаграм-профилот на оваа компанија поставени се фотографии од луѓе кои наводно спијат и читаат во авионот. Тие уживаат во погледот низ прозорот или „на ваквото патување“ ги носат своите домашни миленици. Како реквизити можат да ви бидат понудени магазини, чинии со храна и различни пијалаци.
Гостите можат да консумираат шампањ во авионот додека се преправаат дека се воодушевуваат од погледот додека се во воздух.
Идејата за оваа работа ја добил италијанскиот милионер и инстаграм-ѕвезда Џанлука Вакиј. Една негова фотографија ја лајкнале преку 200.000 луѓе.
Целта на снимањето е да се зголеми бројот на обожаватели на одредената социјална платформа.