Во биографијата на принцезата пренесен е еден од најхрабрите моменти во нејзиниот живот. Првиот разговор на Дајана со Камила.
„Знам што се случува меѓу тебе и Чарлс. Сакам да бидете свесни за тоа. Жал ми е што ви стојам на патот, ова мора да е вистински пекол за двајцата, но немојте да правите будала од мене“, изјави Дајана во тој момент.
„Имаш сè што некогаш си сакала. Сите мажи на светот се заљубени во тебе, имаш две прекрасни деца, што сакаш“, праша Камила.
„Својот маж“, одговори Дајана.
Кралската двојка се разведе во 1996 година, а во 2005 принцот Чарлс се ожени со Камила. Иако е омажена за Чарлс, таа како негова втора жена нема право на титулата, принцезата од Велс, а британската јавност сè уште не знае која тирула ќе ја добие ако Чарлс стане крал.