Камионче за чистење на градското претпријатие за Комунална хигиена, ги искрши плочките на градскиот плоштад и пропадна под фонтаната. Возачот кој го чистел плоштадот бил брзо изваден, а за среќа немало ни други повредени во инцидентот.
Ова е веќе втора ваква незгода кој се случува на ова место. Во 2017 година, додека се подготвуваше бината за пречек на ракометарите на Вардар, по освоената титула, камион на градските комунални служби исто така ја искрши фонтаната и пропадна под плочникот.
Фото/Фејсбук