Канаѓанка која никогаш немала секс, сепак, ќе се породи во јуни

Дваесетгодишната Лорен од Канада треба да се породи во јуни иако никогаш немала сексуални односи.

Лорен припаѓа на религиската заедница Манитобан, но наведува дека не останала трудна поради религиски причини.

Како што вели, луѓето често ѝ велеле дека не може да има дете затоа што не е во брак, но истакнува дека излегувањето на состаноци за неа е целосно бесмислено.

Победила желбата за потомство и се одлучила за вештачко оплодување со помош на донорска сперма.

Докторката Гита Венкат од Клиниката за вештачко оплодување „Харли Стрит“, која го извела зафатот, истакнала дека досега немале ваков  случај. Како што навела, самиот процес на оплодување битно се разликувал од вообичаениот затоа што кај Лорен оплодувањето не можело да се изврши преку вагинален пат.

Венкат објаснила дека кај Лорен најпрво работеле на скенирање на абдоменот, анализа на крвта и проверка на нивото на хормони, а потоа преку абдоминалниот пат земале јајце клетка. Како што вели, таквиот зафат воопшто не влијае на развојот на плодот и евентуалните компликации кои можат да настанат може да се јават и кај која било друга трудница.

Истражувањето од 2013 година покажало дека една од 200 жени во САД останува бремена без сексуален однос, а дури 31% од нив се заколнале на невиност поради религиски причини.

 

 

Scroll to Top