Казни до 500 евра за недолично однесување на туристите во Венеција

Казна до 500 евра ќе платат оние туристи кои ќе ги прекршат правилата на однесување во Венеција, каде властите воведоа дванаесет златни правила за однесување на гостите во овој италијанскиот град. Оние што ќе ги прекшат правила  ќе треба да наместо претходните 50 евра за капење во каналите да  плаќаат по 500 евра. За прошетка во градот по костим за капење или со разголено тело глобата станува 200 евра. По 100 евра ќе се земаат од секој кој прави пикник на јавно место или вози велосипед во пешачки зони.

Предвидени се казни и за пишување по споменици од 400 евра и оставање ѓубре 25 евра.

Туристите ќе бидат информирани за 12-те правила преку нова кампања во социјалните мрежи, како и со пораки и постери на сајтот на општината, на билборди и во местата каде што има најголем број луѓе .

Scroll to Top