Ќе им плаќаат по 4.000 евра за да се заразат од коронавирус

Трката на големите моќни земји во пронаоѓањето вакцина против коронавирусот продолжува. Една лабораторија во Лондон нуди по 4.000 евра на секој кој ќе се согласи да биде заразен со коронавирс за да се најде поефикасен лек. Доброволците треба да земат две недели отсуство од работа.

Ќе им биде забранет секаков контакт со надворешниот свет. Волонтерите ќе бидат заразени со полесен облик на вирусот COVID-19, од оној од кој досега починаа илјадници луѓе.

Вирусот кој ќе им биде вбризган на доброволците ќе предизвика помали респираторни потешкотии. Британските научници сметаат дека вакцината би делувала и би била применлива на секаков облик на корона.

На волонтерите ќе им биде дадена лесна храна и тие ќе земаат различни видови лекови за да се види кој од нив би делувал. Редовно ќе им бидат земани брисеви од грлото и носот, а ќе им вадат и крв за детални анализи.

Исто така ќе се анализираат и валканите шамивчиња. Од лабораторијата веруваат дека 24 луѓе истовремено би се согласиле за вакво нешто. Лабораторијата во Лондон за овој потенцијален експеримент сè уште чека дозвола од Националната здравствена организација на Велика Британија.

 

 

Scroll to Top