Кејт Кастиљо на состанокот со Ел Чапо стравувала да не биде силувана и убиена

Актерката Кејт Кастиљо во изјава за медиумите изјавила дека на состанокот со најголемиот нарко-бос на денешницата, Ел Чапо, најмногу се плашела да не биде силувана или убиена.

Во октомври минатата година минаа три години откако мексиканско-американската актерка Кејт дел Кастиљо, во придружба на својот американски колега Шон Пен, тајно се состанала со озлогласениот нарко-бос на картелот Синалоа, Хоакин Ел Чапо Гузман. Неколку дена по нивниот состанок, Ел Чапо е уапсен и оттогаш престојува во затвор во САД. Актерката Кастиљо решила сега да ја открие својата страна на приказната.

Дел Кастиљо се појавува во документарната серија „Денот кога го запознав Ел Чапо: приказна за Кејт дел Кастиљо“ на „Нетфликс“, кој во својата колекција ги има сериите „Куќата од карти“, „Нарко“, како и серијата наречена „Ел Чапо“.

ОДНОСОТ НА ЕЛ ЧАПО И УБАВАТА АКТЕРКА

Дел Кастиљо во 2012 година почнала да се состанува со Ел Чапо, а била критикувана поради симпатиите кон опасниот трговец со дрога.

„Денес му верувам повеќе на Ел Чапо Гузман отколку на владата, која ја крие вистината од мене. Владата крие лекови за рак, сида и други болести само за своја корист. Господине Чапо, зар не би било интересно трговијата со луѓе да сте почнале да ја работите од љубов? Со лековите против болестите, со храната за деца бездомници, со алкохолот за старечките домови каде што на старите не им дозволуваат остатокот од својот живот да го минуваат како што самите сакаат. Замислете трговија на луѓе со корумпирани политичари, место со жени и деца кои завршуваат како робови. Зошто не ги запалите сите оние јавни куќи каде што жените се чувствуваат поевтини од кутија со цигари“, напиша на„Твитер“ актерката во отвореното писмо откако го контактирала озлогласениот нарко-бос.

Од вестите за нивната средба, Дел Кастиљо ја поврзувале константно со мексиканскиот крал на дрога, а многумина и понатаму се прашуваат која е причината што била толку блиска со Ел Чапо.

„За мене овој проект е многу важен затоа што сакам да ја кажам мојата вистина. Морам да ја симнам лагата од моето име“, изјави Кастиљо пред почетокот на објавувањето на серијата.

Откако го објавила твитот упатен до Ел Чапо, актерката била контактирана од страна на адвокатите на нарко-босот, а тој поради овој нејзин потег сакал да ѝ испрати букет цвеќе во знак на благодарност.

Две години по ова писмо, Гузман преку адвокат повторно контактирал со актерката, и тоа затоа што сакал да се сними филм за неговиот живот, а само нејзе ѝ верувал. Инаку, Кејт глумела девојка на нарко-босот во популарната теленовела од 2011 година „Ла Реина дел Сур“.

Како што изјавил Шон Пен, со кралот на дрогата почнала да комуницира преку рачно напишани пораки.

СЕРИЈАТА „ДЕНОТ КОГА ГО ЗАПОЗНАВ ЕЛ ЧАПО“          

Работите станале лоши за актерот кога печатот открил дека Кастиљо го организирала состанокот меѓу Шон Пен и Ел Чапо.

„Мојот вистински кошмар почна кога се вратив од состанокот со Ел Чапо. Сè почна да оди по надолна линија кога јавноста ги дозна сите информации. Кога се вратив, почна мојот личен пекол“.

Шон Пен, кој првично одбил да учествува во продукцијата на „Нетфликс“, ја критикувал серијата.

„Господин Пен ја гледал серијата и се надева дека ќе добие можност да учествува во неа затоа што во неа се прикажани невистини и претпоставки“, изјави портпаролот на актерот во изјава за „Варајити“.

ПРИКАЗНАТА НА АКТЕРКАТА

Водителка на „АBC News“ разговарала со Дел Кастиљо, а актерката во текот на интервјуто открила дека спиела со Шон Пен. Актерот своевремено признал дека дополнително се уфрлил на состанокот кој Дел Кастиљо го закажала со Ел Чапо за да разговараат за плановите за снимањето на филмот за животот на нарко-босот.

„Немав чувства кон него, само имавме секс. И двајцата сме возрасни, и тоа е тоа. Тоа беше само бизнис“, изјави таа.

Многу актери биле поврзувани или се обидувале да стапат во контакт со Ел Чапо, но никој не можел да претпостави дека токму Шон Пен ќе успее во тоа. На прашањето на водителката зошто сега тоа го открила, Кастиљо одговорила:

„Никој не ме праша. Бевме глупави и мислевме дека имам врска со Ел Чапо. Не сакав да се фалам со тоа. Но, мислам дека сè беше пресметано, дури и тоа“, изјави Кастиљо.

Иако американскиот актер смета дека има недоследности во приказната на Дел Кастиљо, на неа тоа не ѝ пречи.

„И јас го реков тоа за неговиот текст во ‘Ролинг стоун’. Тој има своја точка на гледиште, јас своја. Вистината е дека немам врска со неговото апсење“, изјави таа.

Откако Ел Чапо бил уапсен, само ден откако ја објавила својата приказна, Шон Пен го обвиниле дека соработувал со американските власти и помогнал во апсењето на нарко-босот, нешто што тој го отфрли како можност. Според транскриптите на СМС-пораките кои ги разменувал со актерката Кастиљо може да се заклучи дека Ел Чапо не знаел кој е Шон Пен.

Нарко-босот во јануари бил испорачан од Мексико во Соединетите Американски Држави и се наоѓа во ќелија со максимална безбедност откако двапати успеал да побегне од мексиканскиот затвор.

Серијата можете да ја видите на платформата на „Нетфликс“.

Видете го трејлерот:

Scroll to Top