Келнер заработи отказ по навредата на хомосексуална двојка

Сопственичката на еден римски ресторан, Моира де Лука, го отпуштила келнерот што на сметката на една хомосексуална двојка напишал погрден израз.

Групата за правата на геј-двојките во Рим соопшти дека добила повик од 21-годишно момче и неговиот партнер, кои се пожалиле на непријатната ситуација што ја доживеале во ресторанот, пренесува АП.

Римскиот печат наведува дека Де Лука изјавила оти ваков инцидент повеќе нема да се случи и дека планира да го тужи келнерот што му го нарушил угледот на ресторанот.

 

Scroll to Top