Ќерка на бизнисмен од Куманово убиена во Сирија

By

Девојка од Куманово е убиена од страна на ИСИС во Сирија. Како што пренесува порталот „Реалитети“, смртта ја потврдиле нејзините најблиски роднини истакнувајќи дека девојката пред три години заминала од дома, а подоцна откриле дека таа се наоѓа во Сирија во редовите на ИД.

Во 2015 година медиумите на албански јазик јавија дека З.К. (18) од Куманово, тогаш 18-годишна, им се приклучила на борците на ИД.

З.К. е ќерка на познат бизнисмен од Куманово. Нејзините родители тогаш изјавуваа дека била примерна ученичка и дека не очекувале таа да направи такво нешто.

Досега на боиштата во Сирија и Ирак убиени се најмалку 15 лица од Македонија.

Во минатите два дена косовските медиуми јавија дека во Сирија се убиени и двајца Косовци, припадници на ИД, со што бројот на косовските државјани што ги загубија животите на боиштата на Блискиот Исток се искачи на 76.

 

Ќе ви се допадне