Ќерката на Сергеј Скрипаљ е пуштена од болница

Јулија Скрипаљ, ќерката на поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипаљ, е пуштена од болница, јавуваат светските медиуми.

Таа е отпуштена од болница во понеделникот доцна вечерта ѝ е однесена на безбедна локација. Се очекува нејзините лекари да издадат соопштение в среда. Нејзиниот татко останал во болница ѝ неговата состојба со секој поминат ден,  според сведочењето на лекарите, се подобрува.

Јулија и нејзиниот татко се отруени со нервен гас во Солсбери. Пронајдени се на клупа без свест ѝ од тогаш се наоѓаат на интензивна нега во болница.

Британија верува дека за овој случај е одговорна Русија, поради тоа што Јулија и Сергеј Скрипаљ се отруени со нервниот гас „новичок“, кој се произведува во Русија.

Официјална Москва ваквите обвинувања ги отфрли ѝ го обвини Лондон дека ги прикрива вистинските податоци и намерно предизвикува дипломатска војна.

Руските медиуми истакнуваат дека Јулија побарала политички азил во Британија.

Британското Министерство за внатрешни работи го одбило барањето за виза на роднината на Јулија, Викторија Скрипаљ, која живее во Русија ѝ која сакала да ја посети ќерката на шпионот кога дознала дека се разбудила.

 

 

Scroll to Top