Ким Џонг ун се шета со бела маица и сламест шешир

Ким Џонг ун наводно по сугестија на својата сестра, го промени имиџот. Повеќе не изгледа строго во вообичаената воена унифора, туку од својата палата се симна меѓу народот во бела летна маица, со сламест шешир на главата, а чевлите ги замени со патики.

Се фотографираше во неформални ситуации, додека ја разгледуваше фабриката за детски играчки и школска опрема, како и додека берел овошје. Ги обиколил плантажите со тутун, додека во базените со голи раце фаќаше риби.

Овие фотографии ги објавија државните севернокорејски медиуми, а деталите кои многумина не ги забележаа, е придружбата на Ким, односно луѓето во воени униформи. Тие на секоја фотографија сите до еден во рацете држат блокчиња и ги запишуваат сите детали од средбата на севернокорејскиот лидер со својот народ.

Претседателот на Северна Кореја со ваквото позирање, наводно испратил порака до светот дека врти нов лист во економскиот развој. Дека сака да ја засили прехрамбената индустрија и дека повеќе нема да се потпира на вложувањата во развој на нуклеарно оружје.

„Ким се обидува да стане попристапен лидер за луѓето од Северна Кореја. Пред неколку месеци ја прошета воената постројка во формална униформа за да ја покаже својата моќ и достоинство, а работите сега се променија откако ветил дека ќе изгради економија и ќе го подобри животниот стандард на луѓето“, изјавил Тошимиќ Шигемур, професор на Универзитетот во Токио за британски Телеграф.

 

 

Scroll to Top