Кина им дозволи на семејствата да имаат три деца

Властите во Кина им дозволија на двојките да имаат по три деца. На овој начин се прекина строгата политика која забрануваше во едно семејство да има најмногу две деца.

Промената ја одобри претседателот Шји Џјинпинг. Ваквата промена настана откако на последниот попис било забележано дека популацијата во земјата се зголемува со најбавно темпо во изминатите неколку децении.

Овој попис предизвика притисок кај властите да им дозволат на семејствата да имаат повеќе деца. На овој начин ќе се спречи налаувањето на популацијата. Пописот покажал дека лани биле родени 12 милиони бебиња, шест милиони помалку во однос на 2016 година.

Намалена е и бројката на новороденчиња од 1960 години. Во 2016 година владата ја укина контроверзната политика на едно дете и им дозволи на двојките да имаат најмногу две деца.

Сепак, оваа реформа имаше краткотраен ефект и придонесе за зголемување на наталитетот само во првите две години. Државните медиуми објавија дека новата политика ќе биде проследена и со стимулативни мерки за семејствата, не прецизирајќи какви.

 

 

Симнете ја моби

Scroll to Top