Кина минатата година доби трипати повеќе нови милијарери од САД. Овие луѓе богатството најмногу го заработија во фармацевскиот и секторот на интернет забавата. Според објавената ранг листа на кинескиот магазин „Хурун Рипорт“, епидемијата на коронаворисот, само дополнително им ги зголемила приходите.
Во регионот на Голема Кина, кој ги вклучува и Хонгконг и Тајван, бројот на нови милијардери за година дена, заклучно 31 јануари 2020 година, пораснал за 182 лица, односно вкупно 799 лица во однос на 59 новопечени богаташи во САД. Ова го покажуваат податоците собрани од магазинот „Хурун“ за глобалната листа на богаташи во 2020 година, пренесува „Ројтерс“.
Иако избивањето на епидемијата на коронавирусот во Кина, зададе удар на втората најголема светска економија, тоа само дополнително го поткрена растот на кинеските компании кои се занимаваат со онлајн образование, игри и вакцини, е наведено во извештајот.
Бидејќи големиот бројот на кинески граѓани среде епидемијата останаа затворени дома, поради карантинот и ограничените патувања, пребарувањата на интернет услугите е порасната, што резултирало со раст на заработката на давање онлајн услуги, а значително профитирале и претприемачите во областа на здравството кои се специјализирани за вакцинација.
„Кина денес има повеќе милијардери од САД и Индија заедно“, е навел Руперт Хугеверф, основачот и претседател на „Хурун Рипорт“, според чија пресметка, САД има 629 милијардери, а Индија 137.
За 12 месеци, до крајот на 2020 година, акциите на технолошките компании во Кина, скокнале за 77%, а кинеските фармацевски компании зa 37%, надминувајќи го вкупниот 16-процентен глобален раст на цените на акциите.
Сепак на чело на листата на најбогати луѓе на светот според „Хурун“ и понатаму се американските бизнисмени, а првото место веќе трета година по ред го држи основачот на „Амазон“, Џеф Безос, со богатство од 140 милијарди долари.
Меѓу кинеските милијардери најбогат е Џек Ма, основачот на некогашниот претседате на „Алибаба“, со имот вреден 45 милијарди долари, кој се наоѓа на 21. место, а него го претекна Илон Маск од компанијата „Тесла“, благодарение на вртоглавиот раст на цените на акциите на американскиот производител на електрични автомобили.
Зад технолошката компанија, како главен извор на генератор на богатство, следат фирмите од секторот на недвижности, производство финансии и малопродажба.
И покрај американско-кинеската трговска војна, Рен Џенгфеи, основачот на телекомуникацискиот гигант „Хуавеи Техноџиза“, со седиште во Шенжен, кој е на црната листа на американската влада, го зголеми своето лично богатство за 0,7% на три милијарди долари, што е отприлика околу на ниво на богатството на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува „Ројтерс“.
Пекинг е петта година по ред е светска престолнина на богаташите, со вкупно 110 милијардери, во однос на 98 колку што ги има Њујорк. Шангај го престигна Хонг Конг завземајќи го третото место по вкупниот број на најбогати луѓе во светот.