Пекинг сака да изгради брза железничка пруга, долга 13.000 километри до Америка, а цената за овој проект ќе изнесува околу 200 милијарди долари. Кина има една од најразвиените брзи железници на светот, но не планира да остане само на тоа.
Новата железничка мрежа би поминувала преку Сибир, потоа ќе минува под морето низ Беринговиот Проток, па преку Алјаска низ канадската територија Јукон и Британска Колумбија, па сѐ до копнениот дел на САД.
Кога оваа врска би се остварила, Кинезите ќе можат да изградат супербрза железница до секој дел на Америка. Првпат овие планови се појавиле уште во 2014 година, кога локалните медиуми известувале како Кина планира да изгради супержелезница од 13.000 километри.
Во тоа време кинеските инженери тврделе дека веќе преговарале со руските колеги, за почетокот на изградбата на железницата и сите биле убедени дека проектот и изводлив со помош на тогаш постоечката технологија.
Кина веќе ги направила првите чекори и покажала дека нејзиниот план и не е до толку неостварлив, пишува порталот IFL science.
Уште во 2018 година Кина ја одобрила изградбата на првата светска супербрза железница, која во иднина треба да ги поврзува Шангаи со архиепилаг, кој се наоѓа на 77 километри од брегот на Кина.
Оваа нова рута ќе има и подводен дел од 16,2 километри, а на трасата ќе има воз што се движи над пругата, левитирајќи со помош на магнети, кои ќе го туркаат напред со уште големи брзини. Изградбата на овој проект е веќе во напредна фаза.
Сепак, постојат критичари кои проектот го отпишале како економски застарен, нагласувајќи дека товарните бродови и воздушниот транспорт се покажале како поевтина опција, а сметаат и дека проектот со железница кон САД е премногу комплициран.