Кинеското Министерство за финансии соопшти дека оваа година воениот буџет е зголемен за шест проценти, односно дека изнесува 173 милијарди долари.
Тоа било објавено на Свекинескиот народен конгрес, кој се одржува во Пекинг.
Како што е наведено, овогодишниот буџет е зголемен во однос на минатогодишниот за околу 10 милијарди долари, со што воениот буџет на Кина стана втор по големина буџет во светот, веднаш по буџетот на САД.
China NPC: Government sets trillion yuan military budget https://t.co/ZSNSJr3hdc
— BBC News (World) (@BBCWorld) March 5, 2018
Заменик-министерот за надворешни работи на Кина, Џанг Јесуи, изјави во неделата дека „умерениот“ раст на потрошувачка на Кина за одбраната во последните неколку години има за цел да ги надомести пропустите од минатото, а кинеската војска нема да се заканува на никого.
„Последните години Кина умерено го зголемува трошокот на одбраната. Дел поради тоа што моравме да ги исправиме инвестициите од минатото, а повеќето отидоа на обнова на опрема и подобри материјални бенефиции за војниците. Кина отсекогаш била на патот на мирен развој и нема да се заканува на ниту една земја“, изјави Џанг.