Кинескиот ровер испрати селфи од Марс

Кинескиот ровер „Журонг“ испрати селфи слика од Марс, каде што се наоѓа повеќе од еден месец.

Првото кинеско летало што се спушти на Марс, како што може да се види на видеото испратено до Земјата, поставило безжична камера на почвата, малку се вратило наназад и направило селфи. Десно од роверот се наоѓа платформата на ракетен погон што му обезбеди лесно слетување.

„Журонг“ испрати и фотографии од својата околина, а фотографиите ги објави Кинеската вселенска агенција.

Научниците се надеваат дека роверот ќе остане во служба деведесет марсовски дена. Неговата мисија е да ги испита геологијата и климата на Марс.

Scroll to Top