Кинезите открија поле со потоци нафта

Нафтеното поле го откри Кинеската национална нафтена компанија. Огромното нафтено поле, чиј капацитет се проценува на повеќе од милијарди тони нафта, е откриено во Кина.Нафтеното поле го открила Кинеската национална нафтена компанија.

„Досега е откриен капацитет во износ од 1,24 милијарда тони, со приближно 520 милиони тони докажани резерви“, наведоаа од компанијата за медиумите.

Од компанијата нагласуваат дека откритието следувало по десетгодишните геолошки испитувања во таа област на Кина.

Главните кинески производители на нафта, како што се „Петро Чајна“ и ЦНПЦ, забрзаа со истражувачките напори додека домашното производство продолжило да паѓа, наведуваат од „Ројтерс“.

Официјалните лица на компанијата „Петро Чајна“ изјавија дека компанијата ги зголемила производните капацитети на своето нафтено поле Ксинјијанг за 1,38 милион тони оваа година или на речиси 27.000 барели дневно.

Во моментот Кина е тринаесетта по обем на докажани резерви на нафта со 25.620 милиони барели нафта.

 

Scroll to Top