Клајд Томбо е човекот кој е погребан 64 милијарди километри од земјата

Ниту еден човек не бил поблиску до планетата Платон, како Клајд Томбо. Тој бил првиот човеко кој ја забележал поранешната планета.

Кога прв ја забележал планетата, која подоцна ќе го добие името Плутон, Томбо имал 24 години и бил самоук астроном. Момчето кое живеело во фарма во сојузната држава Илиноис, Томбо направил телескоп во дворот. Го направил од делови од сепаратор крема и автомобил од 1910 година.

Добил работа во опсерваторија во Аризона, поради своите самостојни истражувања пишува „Атлас Обскур“.

Таму со месеци ги следел сликите од ноќното небо, барајќи промени во орбитите Уран и Нептун. Томбо признал дека задачата му била досадна, но додал дека му било интересно занимавајќи се со земјоделството.

Неговото постојано прегледување на материјалот на крајот се исплатило. Откривањето на Плутон ги промени нашите разбирања за Сончевиот систем. Томбо починал во 1997 година.

Речиси две децении подоцна, еден унца, маса помала од триесет грама, од неговите кремирани остатоци, сместена во алуминиска капсула била лансирана на патување до надворешниот дел на нашиот Сончев систем. Капсулата ја носи плочата со епитаф на покојниот истражувач.

Од 1992 година околу 450 луѓе се „закопани“ во вселената. Иако тоа често значи дека само еден грам од кремираните остатоци кратко патувал кон ѕвездите пред да се врати на Земјата или да изгори при влезот во атмосферата.

Леталото во кое било Томбо поминало на растојание од околу 12.000 километри од Плутон во април 2015 година, со брзина од речиси 50.000 километри на час.

Вселенското летало и понатаму бега од нашиот Сончев систем. Во моментов се наоѓа на повеќе од 64 милијарди километри од Земјата.

„Мислам дека мојот татко би бил воодушевен“, изјавила неговата ќерка Анет, која сега има 70 години.

 

Scroll to Top