Колку време не сте прочитале книга или пак сте започнале и поради обврските сте ја оставиле? Ако сакате секогаш може да одвоите време да прочитате нешто креативно, интересно, различно и да го збогатите својот речник.
Наш предлог е новообјавената драма „Check in“. Драмата Check in или „Ај да се означиме“ го претставува современото модерно опшество, каде што преовладува технолигијата. Опшеството на 21 век, едно општество на виртуелен свет. Во оваа драма на ироиничен, саркастичен и хумористичен начин е покажано секојдневието на едно семејство. Поточно, на семејството Христовски кои се виртуелни вампиришта, па поради технологијата забораваат на вистинските вредности во животот. Вниманието се врти околу нивната потреба да се означат додека јадат, додека гледаат телевиизја, додека имаат гости, додека патуваат. Единствено нешто што прват во текот на целото драмско дејство е тоа што се означуваат. Вистински пресврт се случува кога двете сестри преку интернет запознаават ист дечко, а едната од нив се свршува со него. Поради недостаток на комуникација се случуваат многу недорозбирања, но и комични ситуации. Ова драма е една реална слика на денешните семејства и нивната несвесна потреба од технологијата.
А вие сигурно ќе се препознаете. Доколку сакате да ја прочитата оваа интересна драма отиде на линкот подолу, регистрирајте се и дојдате ја во свои книги,а потоа со уживање почнете да читате. Нема да се покаете.
Книгата можете бесплатно да ја прочитате на МАКЕДОНИКА.