Кобила криејќи се во базен се спасила од пожарот во Калифорнија

Кобила успеала да се спаси од смртоносниот пожар што деновиве ја зафати цела Калифорнија. Животното успеало да се сокрие во базен во еден од дворовите во куќите зафатени во пожарите.

Еден од жителите од местото Перадајс во Калифорнија, Џеф Хил ја пронашол кобилата во базенот додека го проверувал домот на неговите соседи.

Мегапожарот Camp Fire, кој усмрти најмалку 48 луѓе, стана најсмртоносниот пожар во историјата на Калифорнија и го уништи речиси целиот град Перадајс.

Кобилата  изгледала како да е заглавена во покривачот на базенот. Се чини дека тој ја спасил од давење.

Хил и неговите пријатели со помош на покривачот успеале да ја донесат кобилата во плиткиот дел, од каде потоа ја извадиле од базенот.

„Излезе и се тресеше целата. Во знак на благодарност проба да не помилува неколкупати и замина убедувајќи нè дека со неа е сè во ред“, напишал Џеф.

 

Scroll to Top