Астролозите велат дека најбесчувствителен знак со „камено лице и камено срце“ е јарецот. Јарците се убедени во својата големина и незаменливост. Тие се прикриени деспоти кои не можат тоа отворено да го покажат.
Вистински тирани се и сакаат власт, без разлика дали станува збор за работа или партнерски однос. Критичари се на сè и сешто и мислат дека само нивниот збор треба да се слуша и почитува.
Ако сакате да побегнете од јарец, само бидете свои, слободни и ексцентрични, тие не го поднесуваат тоа.