Утрово во едно од езерцата во Градскиот парк во Скопје е пронајдена падната кола од марката Пежо. Возилото го виделе случајни минувачи, кои забележале дека во колата нема никој, па повикале полиција. Се претпоставува дека колата уште синоќа возилото паднала во каналот од езерцето. Пежото се наоѓа во близина на новата патека за трчање од тартан што беше пуштена оваа пролет.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека го испитуваат случајот.
„Утрово е пријавено дека ‘пежо 206’ со скопски регистерски таблички паднало во каналот во Градски парк, кај мостот. Досега нема пријава за повредено лице. Упатени се полициски службеници на лице место“, велат од МВР.