Колекционер ја продава даночната пријава на Хитлер од 1926 година

MomentsInTime.com е интернет-страница што се занимава со продажба на ретки историски документи. Во понудата сега се наоѓа и даночната пријава на Адолф Хитлер од 1926 година, а цената што продавачот ја сака е огромна.

Верувале или не, дури и Хитлер морал да плаќа данок.

„Две работи што луѓето ги презираат, Адолф Хитлер и данок, се споија во онлајн-продажба“, истакнуваат странските медиуми.

Според документот, бруто-доходот на Хитлер бил 2.487 рајхмарки, некогашната германска валута.

Нацистичкиот лидер тогаш е пуштен од затвор, а неговата озлогласена автобиографија „Меин Кампф“ објавена е само година дена претходно.

Документот што се продава во себе го содржи потписот на Хитлер, како и неговата домашна адреса.

Продавачот за оваа даночна пријава бара 100.000 евра.

 

Scroll to Top