Колку пати сте отвориле шише вино, сте испиле една чаша и сте го оставиле. Штом се отвори, виното оксидира и се претвора во оцет. Овој процес, всушност, не се случува преку ноќ, но исто така не постои многу цврсто правило за тоа колку долго ќе трае отвореното шише вино.
На ова ќе влијаат неколку фактори, како што е количината што останала во шишето, колку старо било виното пред да го отворите и колку сулфур има во него. Побрзо се расипува природниот без сулфур.
Едмондсон, сопственик на винарија, вели дека отвореното вино најдобро е да се консумира од 24 до 48 часа по отворањето. Важно е и правилно да го чувате, односно да е затворено со затка, пренесува Southern Living.