Британската кралица Елизабета лансираше парфем за кучиња, The Happy Hounds Dog Cologne. Парфемот е дизајниран да биде унисекс, односно за кучиња и од машки и од женски род. Во описот стои дека мирисот е инспириран од крајбрежните прошетки, а чини 10 фунти.
Новиот бизнис на кралицата не е изненадување за јавноста, бидејќи Елизабета е позната како голем љубител на коњи и кучиња. Таа има неколку миленици во својата резиденција и тие патуваат секаде со неа.