Кралицата му даде дозвола на принцот Ендру да се повлече од јавните должности

Кралицата Елизабета му даде дозвола на војводата од Јорк, принцот Ендру, да отстапи од јавните должности во иднина, поради притисокот од јавноста по неговото неодамнешно интервју дадено за Би-би-си.

Ендру беше цел на критики веќе подолго време, поради неговиот близок однос со милијардерот и осуден педофил Џефри Епстајн. Тој во интервјуто кажа дека му е јасно дека неговото пријателство со Епстајн ќе предизвика големи нарушувања во работата на кралското семејство.

Исто така, Ендру кажа дека е подготвен да помогне на каков било начин со цел до крај да се истражи случајот со сексуалната злоупотреба на младите девојки од страна на Епстајн, кој се уби во затвор додека го чекаше судењето.

Ендру поради интервјуто за Би-би-си беше принуден да ја откаже посетата на неколку градови во Јужен Јоркшир.

Scroll to Top