Крис Хјуз коосновачот на „Фејсбук“, сега бара негово згаснување

Крис Хјуз, човекот кој му помогнал на Марк Цукенберг да го основа „Фејсбук“ сега повикува на негово згаснување. Хјуз во колумната која ја објавил во „Њујорк Тајмс Њуз“, изјавил дека Цукенберг има неверојатна моќ и влијание во владата и дека е време „Фејсбук“ да биде згаснат.

„Марк е добра љубезна личност. Но, јас сум гневен нанего. Неговиот фокус на раст на компанијата доведе до тоа да ја жртвува безбедноста на своите корисници поради кликови“, напишај Хјуз.

„Разочарам сум и од себе и од првата екипа на програмери на „Фејсбук“, што не предвидовме како News Feed алгоритмите ќе ја променат нашата култура, ќе влијаат на изборите и ќе ги засилат нашите националистички лидери“, напишал Хјуз, додавајќи дека Цукенберг бил опкружен со погрешни луѓе, кои никогаш не му се спротивставле.

Хјуз е само еден во низата на поранешни извршни луѓе од Фејсбук кои повикале на стриктна регулација на „Фејсбук“ и други онлајн платформи. Цукенберг изјавил дека бил отворен за сугестии за некои регулации.

Во својата колумна за „Вашингтон пост“, директорот на „Фејсбук“ потцртал некои работи на кои би се согласил за промена на „Фејсбук“. Хјуз изјавил дека Цукенберг сега има сопствеништво и контрола над 80% од светскиот пазар на онлајн медиумите. Исто така предложил американската влада да формира агенција која ќе ја надгледува работата на технолошките компании.
Scroll to Top