„Кроација осигурување – живот“ АД Скопје лидер на пазарот за животно осигурување во Р. Македонија

Во период од 13 години „Кроација осигурување – живот“ перманентно бележи раст и развој, прераснувајќи во лидер на пазарот за животно осигурување кој секојдневно се стреми кон остварување на високо поставените цели и посакуваните резултати, вложувајќи многу труд, знаење и ентузијазам изминативе години со цел остварување  висок квалитет на осигурителни услуги.

Денес „Кроација осигурување – живот“ е стабилна осигурителна компанија лидер на пазарот за животно осигурување која сè уште се издвојува како единствена ISO сертифицирана осигурителна компанија во Р Македонија со меѓународен сертификат за воспоставен систем за управување согласно со стандардот за квалитет ISO 9001:2015 и меѓународен сертификат за воспоставен систем за задоволство на корисниците и процес за управување со поплаки согласно стандардот ISO 10002:2014.

„Кроација осигурување – живот“ се издигна доста над пазарот изминативе две-три години. Тоа посебно е димензионирано оваа година кога е остварен апсолутен раст на премија дури поголем од сите останати компании на животно осигурување заедно. За „Кроација осигурување – живот“  2018 година е историска година по остварување добри финансиски резултати. Растеме во однос на минатата година со 24 отсто, додека вкупниот пазар за осигурување живот расте со стапка од 15 отсто.

Scroll to Top