Кружи приказната дека Исланд плаќа по 5000 долари месечно, ако се ожените за некоја од тамошните девојки

Последните денови низ интернетот се прошири веста која воодушевувачки ја дочекаа сите момчиња желни за лесна заработувачка, и витки русокоси жени од далечниот север.

Според наводите кои доаѓаат од оваа земја, властите во Исланд одлучиле да му платат по 5000 долари на секое маж кој ќе реши да се досели во оваа мала земја, на северот на Европа и да се ожени со некоја од тамошните девојки.

Причина?

Па, тоа се машките по се изгледа се во дефицит, а процентот на женската популација, е во постојан пораст.

И додека, поради новонастаните околности, филмот „How To Be Single“, веројатно ги руши сите рекорди на гледаност во земјата на вулканот и дивата природа, мораме да ве разочараме“, оваа вест, за жал е лага.

Оваа дезинформација не е свежа, се појави на социјалните мрежи уште во јуни минатата година, а потекнува од некои неверодостојни сајтови од Афика, кои први ја објавува.

Како што се испостави, многу мажи веднаш изразија интерес за ваквиот потфат, поради што лажната вест се прошири со брзина на мослкавичност и еве, и денеска продолжува да не збунува сите.

Па, ако сте се понадевале дека ќе можете да скокнете до Рејкјавик, и да ги изладите нозете во природно џакузи, оваа прекрасна и бајковита земја, додека нежната русокоса ви го масира грбот и уште ве плаќаат за тоа, не се избрзувајте.

Scroll to Top